48
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп не е задоволен од изданието на своите пулени на Европското првенство во Германија. Токму поради тоа, како што пренесуваат француските медиуми, решен е на промени за полуфиналето против Шпанија, па одлучил да го жртвува Антоин Гризман.
„Л’Екип“ пишува дека Дешамп одлучил да го исфрли Гризман од стартниот состав како дел од планот Франција да биде одбранбено поцврста пред жестоките напади на Шпанија.Не се знае кој ќе биде стартер место Гризман, но дефинитивно е јасно дека ќе биде играч од средниот ред со позабележителни дефанзивни карактеристики.