Почетна Убавина и здравјеРодена е на Гренланд, а еве што му порачала на Трамп – Убавина и здравје

Родена е на Гренланд, а еве што му порачала на Трамп – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Кога ја видоа мисицата на Гренланд, на сите им стана јасно зошто Трамп е опседнат со овој остров

Последниве недели социјалните мрежи се преплавени со видеа од Наја Матилда Росинг, претставничката на Гренланд на изборот Miss Grand International.

Иако не влезе во финалето, нејзиното име одекна посилно од победничките.

Нејзината несекојдневна убавина, моќниот поглед и природната харизма ја натераа публиката ширум светот да почне да се прашува која е оваа жена и од каде доаѓа.

Одговорот е еднакво фасцинантен како и нејзиниот изглед.

Наја Матилда Росинг, позната и под името Наја Мароси, има 26 години и доаѓа од Нука, главниот град на Гренланд. Земја на сурова природа, мраз и тишина, но и силен идентитет кој јасно се гледа во нејзиното држење.

Нејзината животна приказна е испишана со спој од различни култури. Татко ѝ е од Гренланд и е поранешен ракометар, додека мајка ѝ е Данка која одлучила да го продолжи животот на Гренланд. Посебна димензија на нејзиниот идентитет му дава и очувот со суданско потекло.

Наја со гордост го истакнува своето инуитско наследство, нагласувајќи дека токму таа припадност ѝ го обликувала погледот кон светот, но и доминацијата што ја покажува на сцена.

Патот од локална титула до светската сцена

Светот ја запозна релативно скоро. Нејзината кариера започнала во 2023 година, кога ја освоила титулата Мис Фредериксберг. Истата година се натпреварувала и на избор за Мис на Данска, каде што го освоила четвртото место и добила титула на втора придружничка.

Поврзани објави

Тој успех ѝ ги отворил вратите кон меѓународните натпреварувања. Ја претставувала Данска на изборот за Miss Intercontinental 2023 во Египет, каде што се пласирала меѓу 22-те најдобри учеснички, потврдувајќи дека нејзината слава не е минлива, туку дека станува збор за сериозно име во светот на убавината.

Историски момент за Гренланд

Најголемиот чекор во нејзината досегашна кариера се случил во септември 2024 година, кога била избрана за Miss Grand Greenland. Така испишала историја – станала првата жена што некогаш го претставувала Гренланд, автономна територија на Данска, на престижниот избор Miss Grand International. Големото финале се одржало на 25 октомври во Бангкок. Во конкуренција со 68 кандидатки од целиот свет, Наја не се пласирала во финалето, но оставиле силен и траен впечаток – како на публиката така и на индустријата за убавина.

Во духот на актуелните политички случувања и претензии на Доналд Трамп да го присвои Гренладн, на социјалните мрежи се појавуваат коментари и објави што ја направија оваа мисица повторно актуелна. Многу од коментарите под нејзините фотографии и видеа од натпреварите му се упатени на претседателот на САД, Доналд Трамп:

„Трамп, сè ни е јасно“, „Сега ја разбирам неговата опсесија со Гренланд“, „И јас го сакам Гренланд“.

Мисицата не останала рамнодушена на ситуацијата, а набрзо и на виралноста на нејзините слики и видеа:

„Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и жители. Не ги поддржувам политичките одлуки и идеи на Доналд Трамп, но и во оваа ситуација гледам нешто убаво – жителите на Гренланд се обединија и заедно порачаа дека ниту нивната земја ниту луѓето, не се на продажба! Држи се подалеку, Америка!“

ФОТО: Инстаграм