Нема ништо бесплатно…
Се чини дека роденденските изненадувања не се целосни ако славениците не добијат честитка од своите идоли, па поради тоа популарните луѓе често прифаќаат да направат видео-снимка за да честитаат роденден.
Голем број на јавни личности овој повик го прифаќаат со воодушевување, па уживаат во реакциите кои ги добиваат од своите верни фанови, а иако на многумина се чини дека им преставува задоволство, пејачот Слоба Радановиќ одлучил за такво нешто да бара контраулсуга.
„За да снимам видео со роденденска честитка, потребно е да испратите 15 смс пораки или повици на некое болно дете или да уплатите 30 евра на сметка на некое дете“ – напишал пејачот на својот профил на Инстаграм, па го открил следниот чекор.
Поврзани објави
„Потребно е да ми испратите доказ за уплатата и име на личноста на која и е роденден, а јас испраќам снимка за да честитам“ – рекол пејачот.