Почетна ЕкономијаРистески: Стотина млади штипјани ќе отворат бизнис

Ристески: Стотина млади штипјани ќе отворат бизнис

од nenad
1 минути читај за

Околу стотина млади лица во Штип ќе добијат работа или ќе основаат сопствен бизнис преку оперативниот план за вработување.

Ова денеска го објави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при неговата посета на градот. Таму, во координација со локалната власт, беше одржана презентација на мерките за поддршка на економијата.

Ристески од настанот истакна дека оваа година ќе биде плодна за градот, бидејќи овој број ќе придонесе кон унапредување на локалното стопанство.

“Од податоците што ги имаме од Агенцијата за вработување тука во Штип, бројот на апликации за самовработување е вкупно 93, мерката вработување и раст на субјекти за апликации за 19 места. Да земеме во предвид дека успешна ќе биде оваа година за Штип, бидејќи од оперативниот план ќе бидат вработени некаде од прилика 100 луѓе, претежно до 29 години. Дали ќе отворат нивни фирми или ќе бидат вклопени во постојаните од актуелните мерки, тоа е една добра бројка за подобрување на локалната економија,” вели Ристески.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, исто така се согласи дека проектите реализирани од општината имаат позитивно влијание врз бизнисот и прогресот на градот.

“Замислената средба е во насока на промоција на мерките кои што ги спроведува Владата и Министерството за економија и во насока на заедничка комуникација за подобрување на состојбите со коишто се соочува реалниот сектор. Ние се надеваме како локална самоуправа дека со проектите кои што ги реализираме влијаеме позитивно на бизниот и развојот на нашиот град,” изјави Јорданов.

Инаку, на настанот, кој се одржа попладнево, присуствуваа млади лица до 29 години, кои имаат визија за сопствени бизниси.

вдј/ев/Фото: МИА
Извор: МИА