Почетна Убавина и здравјеРешила да го прекине целибатот под 1 услов! – Убавина и здравје

Решила да го прекине целибатот под 1 услов! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Клои Кардашијан открила со кој маж би го прекинала целибатот

Ријалити-ѕвездата Клои Кардашијан, во финалната епизода од шестата сезона на реалното шоу Keeping Up with the Kardashians, открила кое познато име би можело да ја наговори да го прекине целибатот. Клои се доверила дека станува збор за славниот фризер Крис Аплтон, кој е познат по соработката со сестра ѝ Ким, но и со Џенифер Лопез и Кришел Стаус.

„Тој е многу згоден! Кој не би сакал со него?! Има баш добра енергија. Не знам дали тој би сакал со мене, ама јас сигурно би сакала“, рекла познатата старлета.

Нејзината расположена изјава се случила при крајот на епизодата, по што таа и Аплтон на шега ги коментирале апликациите за запознавање за време на 44-тит роденден на Ким.

„Треба да се спојат сите апликации за запознавање во една и да се вика ‘она што е останато’, бидејќи, да бидеме реални – зезнати сме“, се пошегувал Аплтон, па додал дека тој и Клои ќе бидат заедно.

„Тоа и не е така лошо. Мене ми одговара, бидејќи ми треба некој за друштво, а ти оди каде сакаш, јас ќе бидам дома“, се надоврзала ријалити-ѕвездата, признавајќи дека немала интимни односи со години.


Поврзани објави

Инаку, Клои Кардашијан е сама од 2021 година, откако ја прекинала турбулентната врска со Тристан Томпсон. Клои добила две деца со НБА-играчот, а планира да остане во целибат додека го најде вистинскиот маж.

Во продолжение погледнете го видеото во коешто Клои Кардашијан признава дека ѝ се допаѓа шармантниот фризер…

ФОТО: Инстаграм