Алек Болдвин се потсетил како ослабел 11 килограми за потребите на филмот „Тажната Јасмин“
Алек Болдвин ја открил својата тајна како успеал драстично да ослаби и брзо да доживее голема трансформација.
Во реалното шоу на неговото семејство, познатиот актер (67) раскажал како со помош на многу строга диета, успеал да ослаби повеќе од 11 килограми за потребите на снимањето на филмот „Тажната Јасмин“.
Во тој филм од 2013 година, што го режирал Вуди Ален, Болдвин глумел заедно со добитничката на „оскар“, Кејт Бланшет, а остварувањето беше номинирано за три „оскари“.
Додека се присетувал на тој период во најновата епизода на емисијата „Семејството Болдвин“, зборувал и за своето здравје низ годините, додека заедно со сопругата Хилари Болдвин (41) вежбал јога.
Во таа епизода, која се емитувала на телевизијата Ти-Ел-Си само неколку недели по нивниот непријатен конфликт на црвениот килим, Хилари рекла дека нејзиниот сопруг не му е толку посветен на вежбањето колку неа, но и дека тоа не е само поради нивната голема разлика во годините.
Таа се присетила дека Алек отишол на неколку часови јога и се обидел да трча со неа во последниве 13 години, но додала:
Поврзани објави
„Тоа едноставно не е негов фазон. Тој е театарско дете, а јас сум спортист.“
Алек открил дека порано бил многу активен и дека се занимавал со спорт сè до 40-тата година, кога неговата кариера го доживеала својот подем и кога почнал да основа семејство.
„Да си во брак со некој кој е исто толку физички спремен колку тебе, додека ти по малку слабееш, и во поглед на силата и во координацијата, тоа е малку чудно чувство. Само сакам да бидам здрав“, рекол тој.
Потоа објаснил дека пред повеќе од десет години комплетно ги исфрлил јаглехидратите и шеќерот од исхраната за да ослабе, додавајќи дека сега повторно има цел да биде здрав и во форма.
„Не јадев тестенини, компир, слатко и шеќер – и ослабев, веројатно околу 11 килограми. Во филмот изгледам релативно фит, но имав BBQ сос во косата“, се пошегувал.
ФОТО: Инстаграм