Почетна Убавина и здравјеРечиси 20 години по смртта на Тоше Проески, неговата голема љубов живее поинаков живот – еве каде е денес Андријана Будимир (ФОТО)

Речиси 20 години по смртта на Тоше Проески, неговата голема љубов живее поинаков живот – еве каде е денес Андријана Будимир (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Поранешната ракометарка по трагичната загуба на Тоше се повлече од јавноста, но подоцна изгради успешна тренерска кариера и создаде семејство.

Речиси две децении по трагичната смрт на Тоше Проески, споменот на македонската музичка легенда сè уште предизвикува силни емоции низ целиот Балкан. Меѓу приказните кои и денес ја привлекуваат јавноста е и неговата врска со поранешната ракометарка Андријана Будимир, за која долго време се пишуваше како за една од најважните жени во неговиот живот. Нивната љубов се развиваше далеку од медиумското внимание, додека Андријана активно се занимаваше со спорт.

По кратката разделба поради професионалните обврски, двајцата повторно ја обновиле врската на почетокот на 2007 година и започнале да размислуваат за заедничка иднина. Нивната приказна, сепак, трагично била прекината само неколку месеци подоцна. Во јавноста и денес се прераскажуваат емотивните пораки што Тоше ѝ ги упатувал на Андријана, а нивната љубов остана запишана како еден од најчувствителните делови од приватниот живот на пејачот.

По трагичниот октомври 2007 година, Будимир се повлекла од јавноста и извесен период се оддалечила од ракометот. Но, спортот повторно станал важен дел од нејзиниот живот – таа основала приватно ракометно училиште и направила значаен чекор во тренерската професија. Воедно, влезе во историјата како прва жена која водела машка ракометна екипа, а работела и како дел од стручниот штаб на ЖРК Војводина.

Во приватниот живот, Андријана нова среќа пронашла со сопругот Јохан, со кого се венчала во 2013 година. Следната година го добиле синот Максим, а денес најголемиот дел од нејзиното внимание е посветен токму на семејството. Андријана отворено зборува и за аутизмот на својот син и активно се залага за подобра инклузија, поголема едукација и создавање подобри услови за децата со попреченост.

tose i budimir – printskrin X