Кога сакате да направите брз и едноставен ручек, мора да го пробате овој рецепт за ќофтиња, сочни и меки а во внатрешноста се крие изненадување, кашкавал. Погледнете го целиот начин на подготовка во видеото на Теодора Георгиевска.
Потребни состојки:
▪️600 гр. мелено јунешко месо
▪️1 младо кромидче
▪️1 тиквица
▪️1 јајце
▪️3 лажици лебни трошки
▪️магдонос
▪️мешан сув зачин
▪️сол
▪️бибер
▪️кашкавал
Начин на подготовка:
Поврзани објави
Кромидот ситно исецкајте и ставете го во длабок сад заедно со меленото месо, тиквицата претходно изрендана, сол, бибер, мешан сув зачин, јајцето, магдоносот и лебните трошки.
Убаво измешајте ги и од оваа смеса со намрсени раце формирајте мали топчиња со кашкавал во средината.
Исечете парче хартија за печење кое ќе го ставите во airfryer.
Наредете ги ќофтињата врз хартијата за печење, напрскајте ги со зејтин и ставете ги да се печат во airfryer на 200 степени, 15-20 минути.
Видео: Инстаграм