Почетна Убавина и здравјеРецепт за овошен десерт облечен во чоколаден костим – Убавина и здравје

Рецепт за овошен десерт облечен во чоколаден костим – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Смоква покриена со чоколадна обвивка, а потоа завиткната во мек и сочен пандишпан – десерт кој е визуелно убав, мек и полн со вкусови

Состојки:
  • свежи или сушени смокви, исчистени и благо засечени за да може да се полнат

За филот:

  • мелен бадем или марципан
  • парче маскарпоне
  • ситно сечкани ореви
  • кандирана кора од портокал или малку зачин (каранфилче, цимет)
  • пандишпан (тесто од бисквити) – тенко печено и пресечно на ленти или листови

За чоколадниот прелив:


Поврзани објави

  • темно чоколадо, стопено на пареа
  • капка алкохолен ликер (рум, бренди) за арома
Приготвување:

Ако користите сушени смокви, направете мал рез од страните. Во средината ставете мелен бадем или марципан, додајте и малку маскарпоне сирење, сечкани ореви и кандирана кора од портокал по желба. Спојте ја смоквата за да остане филот внатре.

Стопете темно чоколадо на пареа, по желба додајте капка ликер за арома. Секоја полнета смоква внимателно потопете ја во топлото чоколадо, да се обложи убаво. Оставете го чоколадото да се стегне малку.

Подгответе тенки ленти или листови пандишпан. Завиткајте ја секоја смоква обложена со чоколадо во пандишпанот, како да ја облекувате. Ако сакате, можете да го премачкате пандишпанот со тенок слој стопено чоколадо или мармалад.

По желба, посипете ги смоквите со шеќер во прав, мелени лешници или кандирани кори пред да се стегне чоколадото целосно.