Болеста на популарната пејачка ѝ предизвикала многу непријатности.
Болеста Анабела Атијас денес погодува сѐ повеќе жени, а причинители се стрес, брз живот и недостаток на сон.
Пејачката, која пред неколку години беше активен учесник на „Задруга“, по влегувањето во Белата куќа, каде што беа и нејзината ќерка и поранешниот сопруг, ја искористи можноста да открие непознати факти од својот живот, бракот и од кариерата со Гаги, но и за болеста која ѝ го оштетила имунолошкиот систем.
Имам автоимуна болест на тироидната жлезда, таа самата се напаѓа. Не можам да голтам, како да се гушам, од стресот. Отпрвин мислев дека сум премногу уморена, имав треска, тешка депресија, отидов на психијатар, реков: „Не можам, ќе се убијам“. Не можам да опишам какво е чувството, лудило. Ми рече дека тироидната жлезда не ми е во ред.
Поврзани објави
Либидото ми е намалено, имам циклус двапати месечно, ме болат коските, како да боледувам од најлошата болест – изјави Анабела.
Таа денес им е баба на прекрасните внуки Миа и Лана со кои поминува многу време, редовно настапува, а својот изглед го доведе до совршенство со поинаков начин на живот и редовни вежби… Нејзината болест денес не ѝ го нарушува квалитетот на животот, а може да се каже дека никогаш не изгледала подобро.