Регионалната средба на гувернери, министри за финансии и директори на даночни управи – „Финансиска и монетарна стабилност на регионот на Западен Балкан во услови на континуиран слаб економски раст во Еврозоната“ – ќе се одржи од денес до 14 јуни во Бечиќи.
За време на дводневната агенда во Црна Гора, клучните творци на фискалната и монетарната политика – гувернери на централни банки, министри за финансии, директори на даночни управи, како и претставници на интернационални финансиски институции и истакнати менаџери од банкарскиот и осигурителниот сектор – ќе се состанат во хотелот „Сплендид“.
Учесниците на 12-тиот Регионален самит на гувернери, министри за финансии и директори на даночни управи ќе имаат шанса да разменат ставови и перспективи за иднината на регионот во контекст на се покомплексна и непредвидлива геополитичка и геоекономска ситуација.
Овој реномиран настан, кој се организира од 2019 година, го претставува најголемиот и најзначаен годишен регионален собир, посветен на јакнење на соработката и развивање на дијалогот помеѓу главните финансиски институции во регионот.