Почетна ЕкономијаВечерва голем концерт во Скопје: Вратите на Арената се отвораат во 17 часот, еве кои изведувачи ќе настапат пред David Guetta

Вечерва голем концерт во Скопје: Вратите на Арената се отвораат во 17 часот, еве кои изведувачи ќе настапат пред David Guetta

од nenad
1 минути читај за

Скопје вечерва е во знакот на големиот музички спектакл со настапот на светската ѕвезда David Guetta на Арената „Тодор Проески“.

Организаторите информираат дека вратите на Арената ќе бидат отворени од 17:00 часот, додека официјалната музичка програма започнува во 20:00 часот.

Публиката ќе има можност најпрво да ги проследи настапите на Sempre и DJ Nikifor, кои ќе бидат преднастапи, по што на сцената ќе настапи David Guetta.

Од организаторите апелираат посетителите да пристигнат навреме и, доколку можат, да влезат во Арената порано за да се избегнат поголеми гужви и подолго чекање на влезовите.

Поради најавениот посебен сообраќаен режим во Скопје, се препорачува користење јавен превоз или пешачки пристап, додека доаѓањето со автомобили се советува да се избегнува.

Пултовите за замена на влезниците за нараквици во Градски парк – Вембли ќе работат до 17:00 часот.

Организаторите ги повикуваат посетителите кои сè уште немаат извршено замена да пристигнат порано, со цел да се намалат гужвите и времето на чекање.

Вечерашниот настап на David Guetta е дел од програмата со која се одбележуваат 35 години независност на Македонија, а организаторите го најавуваат како еден од најголемите музички настани досега одржани во земјава.

Очекувањата се Арената „Тодор Проески“ вечерва да биде исполнета со илјадници посетители кои ќе уживаат во настапот на една од најголемите светски ѕвезди на електронската музика.