Почетна ЕкономијаРеакција на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

од nenad
1 минути читај за

СООПШТЕНИЕ: За очекување е дека Александар Николоски не може да разбере што значи кога луѓето се задоволни од твојата работа, тој впрочем никогаш ништо не работел.

Откако на свои 24 години станал пратеник и политичар единствено заработувал од даноците на граѓаните и со друго не може да се пофали.

Во дваесетина години колку што е во политиката никој не памти ниедно позитивно дело на Александар Николоски.

Затоа не може да ја разбере поддршката која природно доаѓа од луѓе кои го ценат она што сум го сработил.

Јас на почетокот на кампањата реков дека треба да го подигнеме нивото на комуникација, но очигледно Николоски нема капацитет тоа да го разбере. .

Извор: МИА