Според истражувањето објавено денес од страна на консултантската куќа „Роланд Бергер“, повеќе од една третина од работните позиции во државната администрација на глобално ниво би можеле да бидат загрозени поради напредокот на вештачката интелигенција.
Студијата, базирана врз класификацијата на Меѓународната организација на трудот и 450 различни професии во јавниот сектор, опфатила вкупно 351 милиони работни места.
Наодите укажуваат дека 36 проценти од работниците на светско ниво би можеле да се соочат со значајни трансформации поради имплементацијата на технологиите за вештачка интелигенција, што ќе има ефект врз 125 милиони работни места со полно работно време.
Во извештајот се потенцира дека 22 проценти од работните места би можеле да бидат модернизирани, што значи дека вештачката интелигенција би презела одредени активности, додека на работниците би им биле доделени нови одговорности. Ова особено се однесува на администрацијата, јавните финансии и образованието.
Според француската телевизија БФМ, околу 7,5 проценти од работните места во јавниот сектор би можеле да бидат комплетно автоматизирани, а најмногу подложни на промени се лицата вработени во администрацијата или во кол-центрите, каде што задачите се поедноставни и полесни за замена со вештачка интелигенција. „22 проценти од работните места би можеле да се надградат, што значи дека вештачката интелигенција би преземала одредени задачи, додека на вработените би им биле дадени нови функции.“