Почетна ЕкономијаПутин: Русија е подготвена за територијални отстапки во Украина, но Донбас останува под руска контрола

Путин: Русија е подготвена за територијални отстапки во Украина, но Донбас останува под руска контрола

од nenad
1 минути читај за

Русија е подготвена за отстапки во мировните разговори со САД и Украина, но Донбас останува руска територија, изјави претседателот Владимир Путин на седница на „Државниот совет, тело кое дава совети на шефот на државата и решава прашања од клучно значење за целата земја“.

Според весникот „Комерсант“, Владимир Путин на таа средба навел дека градовите Краматорск, Константиновска и Славјанск не се предмет на дискусија, но „не се исклучува можна делумна територијална размена од страна на Русија“.

Извештаите покажуваат дека Путин на состанокот во Кремљ одржан на 24 декември навел дека Американците отстапиле од дел од своите предлози по преговорите со европските партнери, што тој го оцени како „знак на попустливост“.

„Дополнително, Владимир Путин отворено зборуваше за можноста за заедничко управување со нуклеарната централа Запорожје со САД, наместо со Украина.

Исто така, на иницијатива на американската страна, се дискутира за снабдувањето со електрична енергија за Украина.

На прашањето дали украински експерти можат да работат во нуклеарната централа, Владимир Путин одговорил дека тие и понатаму работат таму, како и досега, но сега поседуваат руски пасоши“, пренесува рускиот весник.