Table of Contents
Психолозите истакнуваат дека луѓето кои постојано бараат потврда од другите, никогаш нема да можат да бидат вистински среќни
Среќата не е нешто што доаѓа однадвор, туку состојба што ја градиме однатре. Сепак, многу луѓе паѓаат во замката на постојаното барање одобрување од другите – од партнерот, од пријателите, колегите, дури и од комплетни странци на социјалните мрежи. Психолозите предупредуваат дека токму оваа навика може да го наруши внатрешниот мир и дека човекот кој постојано бара потврда, никогаш нема да биде вистински среќен.
Обидот да ги исполните очекувањата на другите, без разлика дали во љубовта, пријателството, работата или на социјалните мрежи, можеби накратко ќе ви донесе чувство на припадност, но долгорочно води кон незадоволство, исцрпеност и загуба на сопствениот идентитет.
Психолозите објаснуваат зошто барањето одобрување води кон несреќа…
1. Им го препуштате своето чувство на среќа на другите
Психологот Дорин Виртју истакнува дека желбата за одобрување ја става контролата врз вашите чувства во рацете на другите. На другите им давате моќ да ви дадат потврда или да ве повредат, додека вистинската автентичност исчезнува.
2. Ниска самопочит: главниот причинител
Психијатарот Тимоти Јеидер објаснува дека потребата за одобрување обично е поврзано со чувството на пониска вредност. Кога личното чувство на вредност не е доволно силно, прифаќањето од другите станува замена за сопствената потврда.
3. Барањето потврда води кон емоционална исцрпеност
Поврзани објави
Постојаното барање одобрување исцрпува и ја префрла одговорноста за сопствената емоционална состојба, со што го уништува внатрешниот мир.
4. Загуба на идентитетот и автентичниот живот
Јакоб Рифкин објаснува дека потребата да бидеме прифатени честопати доведува до жртвување на сопствените желби и компромитирање на идентитетот, што може да ги уништи нашите вистински врски и самопочитта.
5. Совршенство – замка за среќа
Перфекционизмот, без разлика дали станува збор за внатрешна потреба за совршенство или за очекувани стандарди од другите, води кон депресија, анксиозност.
За вистинска среќа – престанете да барате потврда
Престанете да им давате моќ на другите да ја одредуваат вашата вредност. Работете на градењето внатрешна стабилност и самодоверба. Прифатете го несовршенството кај себе и кај другите – бидејќи токму тука лежи слободата.
Ако чувствувате дека не верувате во сопствената вредност без потврда од другите, можеби време е да ги преиспитате границите што ги поставувате – оние за коишто сте мислеле дека се љубов, а всушност, се замка за вашата сопствена среќа.