Почетна Убавина и здравјеПрошетала низ град во комбинација која чини колку луксузен стан во Скопје! – Убавина и здравје

Прошетала низ град во комбинација која чини колку луксузен стан во Скопје! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Во овој случај важи правилото дека „помалку е повеќе“, без разлика колку тоа чини

Уличната мода многу кажува за еден град. Таа претставува микс од личните стилови на сите негови жители. Трендовите, брендовите и различностите спакувани во лежерна улична мода отсекогаш ги интересирале модните фанатици.

Една млада новинарка, која на Инстаграм е потпишана како dvdoublevanilla, секој ден објавува видеа од скапите модни комбинации на жените што ги среќава на улиците во Милано, Њујорк и Париз.

Едно нејзино видео ни падна в очи, бидејќи една девојка на улиците во Њујорк прошетала во комбинација од 300.000 евра (335.000 долари).

Што носи таа на себе што е толку скапо?

Поврзани објави

Да тргнеме по ред.

Комплетот е од „Зара“ е чини 100 евра, очилата се „Луј Витон“ од 400 евра. На ушите има дијамантски обетки од 7.000 евра, а околу вратот носи ѓердан „Клиф“ од 3.000 евра.

На рацете носи белегзии „Картиер“ од 70.000 евра, тука се и дијамантскиот прстен од 15.000 евра, како и чантичката „Шанел“ од 7.000 евра и часовникот Audemars Piguet од неверојатни 170.000 евра. На нозете носи влечки „Хермес“ од 500 евра.

Сè на неа изгледа врвно стилизирано и на прв поглед „скромно“, па така повеќето луѓе не ни забележуваат дека оваа жена носи толку скапи работи на себе. Во овој случај важи правилото „помалку е повеќе“, без разлика колку тоа чини.

Како ви се допаѓа овој стајлинг од 300 илјади евра?