58-годишниот американски супермодел Синди Крафорд се појави во друштво на својата 22-годишна ќерка Каја во Париз.
Дуото заедно позираше на црвениот тепих на отворањето на Омега Хаус Париз (OMEGA House Paris) во неделата, 28 јули.
Легендарниот супермодел од 90-тите ја покажа својата неверојатна фигура во црн миди-фустан со елегантен исечок.
Поврзани објави
Долгогодишната амбасадорка на Омега носеше и сребрен часовник од брендот, дополнувајќи го нејзиниот вечерен изглед.
22-годишната Каја, која успешно тргна по стапките на мајка си, беше облечена во едноставен црн фустан. Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан и обетки, како и златен часовник „омега“.
Синди Крафорд го има и синот Присли (25) со нејзиниот сопруг Ранде Гербер, со кој супермоделката се омажи во 1998 година.