За приготвување на овој вкусен десерт потребни ви се 30 минути, а за печење 25 минути.
Состојки:
За тестото:
100 мл масло
250 мл вода
170 г брашно
¼ прашок за печиво
5 јајца
За филот:
300 мл слатка павлака
250 г маскарпоне
150 г малини
Поврзани објави
За посипување:
шеќер во прав
Приготвување:
Помешајте ги водата и маслото и загревајте ги на рингла во лонец додека зовријат.
Тргнете го лонецот од оган и додајте го брашното. Мешајте со жица за да не се создадат грутки. Вратете го лонецот на ринглата и мешајте со црпалка додека обликувате топка од тесто. Оставете ја да се излади.
Во изладената смеса, додајте прашок за печиво, постепено додавајте ги и јајцата, едно по едно, матејќи со миксер додека добиете хомогена смеса.
Плехот обложете го со хартија за печење. Ставете го тестото во слаткарски шприц со ѕвездест калап и истиснувајте помали ружички врз хартијата за печење. Оставајте простор меѓу нив за да не се залепат една за друга за време на печењето.
Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 25 минути. Не отворајте ја рерната за време на печењето. Оставете ги да се изладат испечените профитероли.
За приготвување на филот, изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав во цврст шлаг. Додајте го и маскарпонето и добро изматете.
Исечете ги попречно изладените профитероли, наполнете ги со филот и во секој ставете неколку малини.
Текст: Убавина и здравје