Table of Contents
Овие познати фраери не се повисоки од 175 см, но жените ги обожаваат
Тие не можат да се пофалат со висина, но и покрај тоа важат за едни од најголемите холивудски заводници…
Роберт Дауни Јуниор, 175 см
Славниот американски актер е во долгогодишен брак со сопругата Сузан, која е 160 см висока.
Џејсон Стетам, 175 см
Овој акционен херој важи за еден од најатрактивните мажи во Холивуд, но тој има очи само за неговата девојка Роузи Хантингтон Вајтли, висока 175 см.
Марк Валберг, 173 см
Овој холивудски ветеран им беше миленик и на филмските критичари и на обожавателките, а во брак е со Реа Дурам, која е висока 175 см.
Џаред Лето, 175 см
Згодниот американски актер и оскаровец, наводно, е во врска со Лупита Најонго, висока 165 см, но претходно бил во врска и со Камерон Дијаз, која е висока 176 см.
Чарли Шин, 175 см
Холивудското „лошо момче“ често се фали со сантиметрите, но не со оние во висина. Тој беше во долгогодишен брак со Дениз Ричардс, висока 168 см.
Том Круз, 170 см
Поврзани објави
Често го критикуваа холивудскиот ветеран поради тоа што носеше чевли со скриени потпетици, особено додека беше во брак со Никол Кидман, која е висока 180 см, како и со Кејти Холмс, висока 175 см.
Бен Стилер, 170 см
Американскиот комичар често знае да се пошегува на сметка на својата висина. Во брак е со актерката Кристин Тејлор, висока 169 см.
Даниел Редклиф, 165 см
Ѕвездата од популарниот филмски серијал „Хари Потер“ е висока само 165 см. Упорно ги крие девојките од јавноста, па тешко е да се знае дали сака повисоки или пониски, но се знае дека претпочита повозрасни жени.
Хоакин Финикс, 173 см
Американскиот актер со порториканско потекло ја освои јавноста со мрачните улоги, а со својот шарм ја освои и некогашната девојка Лив Тајлер, висока 178 см.
Илајџа Вуд, 168 см
Ѕвездата од трилогијата „Господар на прстените“ ја доби улогата на хобит токму благодарение на својата висина. Беше во врска со актерката Кери Биш, висока 173 см.
Тоби Мегваер, 174 см
Актерот што стекна слава играјќи го Спајдермен е во брак со дизајнерката на накит Џенифер Меер, висока 163 см.
ФОТО: ИНСТАГРАМ, GETTY IMAGES