Почетна МакедонијаПРОФЕСОРОТ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ПАРИ БЕЗ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО?!

ПРОФЕСОРОТ ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА ПАРИ БЕЗ ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО?!

од nenad
2 минути читај за




Одвреме-навреме во Македонија се актуелизира прашањето за легализација на парични средства без доказ за нивното потекло. Како по правило, иницијативите се интензивираат во периоди на промена на владејачката гарнитура, каков што е сегашниов.До сега носителите на најодговорни функции во македонските влади одолевале на притисоците, плашејќи се од ризиците сврзани со таквиот потег.
Застапниците на тезата за предностите од вклучување на овој вид капитал во легалните финансиски канали ја истакнуваат можноста за зголемена понуда на финансиски средства, што би довело до пониски каматни стапки и недвосмислена корист за бизнисот.

Едно тврдење што сум го слушнал е дека сѐ уште на различни места внатре и надвор од земјава се тезаурирани пари стекнати од трансакции во сивата економија уште од периодот на матната транзиција, во услови на непостоечки или недоизградени институции на пазарната економија.Дополнително, се укажува дека и покрај забраната и постоечките контроли, дел од овие средства континуирано се вбризгуваат во легалната економија, првенствено преку градежниот сектор. Која е тогаш смислата на забраните за внес на пари без доказ за нивното потекло во легалната економија?

 

Дилемите и одбојноста кон легализација се поврзани со неколку фактори:
Прво, процесот може да е во спротивност со строгите меѓународни регулативи против перење пари и финансирање тероризам;
Второ, влезот на овие пари, особено доколку се стекнати од нелегални активности, може да го наруши реномето на земјата во очите на меѓународните финансиски институции;

Трето, политичарите стравуваат од јакнење на моќта на одредени групи за интерес во земјата, кои би можеле да прераснат во силна конкуренција на политички план, што би предизвикало нарушување на безбедносната и политичката стабилност; Четврто, а не помалку важно, наглиот прилив на финансиски средства предизвикува реална апрецијација на девизниот курс на националната валута, што влијае на намалување на конкурентноста на нејзините извозни сектори.Би било фраза доколку заклучам дека за конечен квалификуван став за ова прашање е нужна подлабока анализа, но се чини дека преовладуваат аргументите против легализација на парите без доказ за потекло.