Почетна МакедонијаПовреден е мотоциклист во Скопје при сообраќајка со автомобил

Повреден е мотоциклист во Скопје при сообраќајка со автомобил

од nenad
1 минути читај за




МВР информира дека синоќа во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „АСНОМ“, бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(30) од Скопје и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од Германија, со престој во Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.