Помладата ќерка на Наташа Беквалац, Катја, денеска го слави седмиот роденден.
Сестрата на Наташа, Кристина Беквалац, со емотивни зборови и се обрати на својата внука за која е многу приврзана.
Пред седум години се роди едно многу посебно девојче кое сите нè научи толку многу од почетокот на нејзиниот живот… Кеко моја, моја мала риба, љубов моја Кики, многу сум среќна што сум твоја тетка и што разбирам и чувствувам се за тебе од денот кога се запознавме и што заедно ќе ја нервираме мама Наки. Тетка ти Кика те сака до небо и назад. Среќен роденден душо“, напиша Кристина.
Наташа ја сподели и својата објава на Инстаграм, заедно со бројните честитки од семејството, пријателите и обожавателите кои постојано се слеваат.
Поврзани објави
Да потсетиме дека Наташа еднаш зборуваше за воспитувањето на нејзините наследнички Хана и Катја и истакна дека е тешко да се биде самохран родител.
Јас сум самохран родител. Таа улога ми е најважна, како и на секоја нормална жена. Тоа е енергија што многу ве обзема. Целосно сум посветена на работата што ја работам на врвно ниво веќе 20 години. Тоа се две работи кои ме исполнуваат и ме пленат. Мажот мора да биде магичен за да го вклопам во мојот распоред“, вели Наташа, која неодамна летуваше на Емиратите со своите наследнички.
Фото: printskrin Youtube/ Telegraf.rs TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: