Почетна ЕкономијаПромоција на книгата “Една книга” на новинарот Валентин Нешовски

Промоција на книгата “Една книга” на новинарот Валентин Нешовски

од nenad
1 минути читај за

Една книга, песни рој

Што да напише човек за промоцијата на една книга што не ја прочитал?

Па, тоа дека се случил убав настан, на убаво место, кафето “Каза”, со убави луѓе, со промотори кои ја избегнаа класичната замка на локалните претставувања, таа да не запознаваат со нови маркеси и хемингвеи…и со себе си како некакви тајни слладишта во кои се криела вистината што е недофатлива за простото читателство, луѓе кои просто ни ги открија основните елементи во светогледот и филозофијата на авторот и во неговото дело и тие свои импресии ни ги принесоа на убав, пристоен, не претенциозен начин, кој беше во хармонија со делото, со атмосферата, со авторот, па дури, би рекол ,и со животот.

Значи беше тоа промоција на книгата на Валентин Нешовски “Една книга”.

Промотори беа Ноциќ, Андреевски и Поповски.

Пивото “Карлсберг” беше 220 денари.

Хахаха!

За делото на господинот Нешовски, еден од најсериозните таленти во македонското новинарство од времето кога тоа беше прилично нормално или така ни се чинеше, но во секој случај беше драстично различно од оваа отровна емисија на гасови во што го претвори појавата на вмро, во некоја друга прилика.

П.С.

Една мала забелешка: Сите го изговараа името на авторот со акцент на последното “и”.

Така сите во Македонија го изговараат тоа име.

Тоа ми звучеше како кога коментаторите на токсичната спортска редкација на МРТВ кажуваа дека топката е кај Дрогба, или кај Евра.

Јас мислам дека Нешовски е Валентин со акцент на “а”.

Но, тоа звучи така напорно!

Хахаха!

Се заебавм, не сум јас таков ситничар.

Честитки за Валентин.

Акцент по избор.

Бранко Тричковски