Почетна ТехнологијаПромоцијата на спотот на Илинка Скаловска за нејзината најнова песна – „Нова искра“

Промоцијата на спотот на Илинка Скаловска за нејзината најнова песна – „Нова искра“

од nenad
1 минути читај за

Почитувани, Чест ни е да ве поканиме  на промоцијата на спотот на Илинка Скаловска за нејзината најнова песна – „Нова искра“. Настанот ќе се одржи во Едукативно-културниот центар „Лабораториум“,  на 02 декември 2024 година  со почеток во 17 часот. Ве очекуваме со радост. Повелете и куса биографија на Илинка Скаловска:

Образование

2013 – 2017 – Дипломски студии по пеење на Музички конзерваториум „Arrigo Pedrollo“,Виченца, Италија

2011 – 2014 – Постдипломски студии по хорско диригирање и композиција  на Музички конзерваториум „Benedetto Marcello“, Венеција, Италија

2005 – 2011 – Дипломски студии по хорско диригирање и композиција на Музички конзерваториум „Cesare Pollini“, Падова, Италија

2001 – 2005 – Средно музичко училиште „Илија Николовски – Луј“, Скопје

Музичка насока: музичар теоретичар

Композиторска дејност

2023 – „Охридска песна“–  композиција за  клавир и гудачки оркестар

2023  – „Светла душа“ –    песна инсп ирирана од македонскиот фолклор на текст на

            Трајко Матевски – Рисимкин

2021-2022 – Музички обработки на народни песни со видео спотови:

„Ој месечино“ (аранжман)

„Кирјана вино продава„ (аранжман)

„Бегало бегало“ (аранжман)

Солистички настапи:

15.06.2019 – Настап како диригент со младинскиот женски хор ,,Менада’’ во склоп на музичкиот хорски фестивал ТЕХО 2019 , Тетово

02.08. 2016 – Солистички вокален дел при настапот на Градскиот хор „Вардар“  од

Скопје по повод прославата на државниот празник „Илинден“ во Скопје.

Март 2004 – Пијано настап на отворањето на Првиот регионален конгрес на CID UNESCO во Македонија

Јули 2003 – Пијано придружба во балетската претстава „Memento“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин изведена на повеќе македонски фестивали: „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Штипско лето“ и др.

Награди

Мај 2005 – Прво место на 43-от државен натпревар како диригент на Младинскиот мешан хор – Скопје

Јазици кои ги говори:

италијански, англиски, српски , унгарски, германски,  француски