Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени, продолжува во Основниот кривичен суд во Скопје. Обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, а тројцата вработени во станицата за технички преглед се товарат за соучесништво во истото дело. Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. На претходното рочиште беше испитано вештото лице Јованка Савова, дел од тимот што го изготви супервештачењето за предметот.
Продолжува судењето односно продолжува се судењето за трагичната сообраќајна несреќа што се случила кај Ласкарци.
76