Почетна СветКоронавирусот молскавично се шири низ Кина, ЕУ утре одлучува за мерки

Коронавирусот молскавично се шири низ Кина, ЕУ утре одлучува за мерки

од nenad
2 минути читај за

Здравствените власти на земјите-членки на Европската Унија утре ќе имаат состанок за координиран одговор на брзото ширење на инфекцијата со ковид-19 во Кина, соопшти денеска шведското претседателство со ЕУ, откако на состанокот во декември не беше ништо одлучено.

Коронавирусот молскавично се шири низ Кина, ЕУ утре одлучува за мерки
Здравствените власти на земјите-членки на Европската Унија утре ќе имаат состанок за координиран одговор на брзото ширење на инфекцијата со ковид-19 во Кина, соопшти денеска шведското претседателство со ЕУ, откако на состанокот во декември не беше ништо одлучено.

Фото: ЕПА
На онлајн-состанокот на 29 декември, на кој присуствуваа повеќе од 100 претставници на земјите-членки, европските здравствени агенции и Светската здравствена организација, Италија ја повика ЕУ да го следи нејзиниот пример и да ги тестира патниците што пристигнуваат од Кина, имајќи предвид дека Пекинг на 8 јануари ќе ги укине патните ограничувања.

Но другите земји-членки сметаат дека нема потреба од тоа.

„За среда, на 4 јануари е закажан состанок за интегриран политички кризен одговор, заради информирање за развојот на ситуацијата со ковид-19 во Кина и разговор за можните мерки на ЕУ што треба да се преземат на координиран начин“, рече портпаролката на шведското претседателство со ЕУ.

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, во писмо до земјите-членки на ЕУ на 29 декември напиша дека треба да размислат за воведување почесто генетско секвенционирање на примероци инфицирани со ковид-19 и да го подобрат мониторингот на отпадните води, вклучително и на аеродромите, за откривање на можни нови соеви на вирусот поради скокот на заразите во Кина.

Киријакидес рече дека ЕУ треба да биде многу внимателна бидејќи веродостојните епидемиолошки и податоци за тестирање во Кина се оскудни, советувајќи ги министрите за здравство веднаш да ги преиспитаат своите правила поврзани со генетското секвенционирање.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести минатата недела објави дека во овој момент не препорачува преземање мерки за патниците од Кина.

Тој објасни дека соевите што циркулираат во Кина веќе постојат во Европската Унија, дека европските граѓани се релативно масовно вакцинирани и дека потенцијалот за увезени инфекции е мал во споредба со дневниот број на заразени во ЕУ, со кој здравствените системи во моментов можат да се справат.

Инспирирано од: infomax.mk