Почетна Убавина и здравјеПробајте го рецептот за пица ролнички на Мартина Симјановска! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Пробајте го рецептот за пица ролнички на Мартина Симјановска! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

За сите љубители на пица кои сакаат да пробаат нешто поразлично, а пак да го почувствуваат прекрасниот вкус на пица ова е совршениот рецепт на Мартина Симјановска. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото подолу!

Состојки:

  • 1 квасец
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 50 мл масло
  • 250 мл вода
  • 500-550 гр брашно
  • Кечап, Оригано
  • Сувомеснато
  • Кашкавал
  • 1 јајце

Поврзани објави

Подготовка:

Замесете тесто. Оставете го тестото да се удвои. Исукајте го во правоаголна кора.
Кората премачкајте ја со кечап, ставете оригано, сувомеснато и кашкавал.
Исечете ја кората на ленти и секоја лента завиткајте ја.
Наредете ги ролничките во плехче, премачкајте ги со јајце и печете ги во загреана рерна на 180-200 С околу 15-20 мин.