Почетна ПопуларноПријателството и соработката меѓу Македонија и Србија продолжуваат и стануваат поинтензивни

Пријателството и соработката меѓу Македонија и Србија продолжуваат и стануваат поинтензивни

од nenad
1 минути читај за

Македонскиот премиер Ковачевски и српскиот претседател Вучиќ денеска ги потврдија традиционално добрите односи меѓу нашите две земји.

-Отворен и срдечен разговор со претседателот на Србија, Aleksandar Vučić, каде ги потврдивме взаемните заложби за унапредување на регионалните иницијативи и перспективите за зголемена меѓусебна соработка.

Политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и динамиката на пристапните преговори на Македонија и Србија е важна тема, која е наш заеднички приоритет.

Нашето долгогодишно партнерство и пријателство продолжува поинтензивно и подинамично во рамки на економска соработка, трговска размена и друг вид соработки кои се од полза и во корист на нашите граѓани. – напиша Ковачевски на Фејсбук.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска