Дознајте кои се главните причини за вагинална сувост и како да ја спречите
Можеби понекогаш чувствувате јадеж или болка во интимното подрачје. Можеби дури и вашиот сексуален живот е погоден со болка или непријатност во тој предел. Можеби чувствувате пецкање при мокрењето. Сите овие се знаци на вагинална сувост, која може да ја погоди која било жена, без оглед на годините. Но можете да ја спречите вагиналната сувост, ако го одржувате интимното подрачје хидрирано.
Причини за вагинална сувост
Постојат неколку причини за вагинална сувост и секоја од нив има единствено влијание врз природната хидратација на телото. Еве кои се најчестите причини…
Менопауза
Падот на нивоата на естроген за време на менопаузата е една од главните причини. Флексибилноста и дебелината на вагиналното ткиво се одржуваат благодарение на естрогенот. Вагиналната слузница може да стане потенка и да произведува помалку влага кога ќе опадне нивото на естроген.
Доење
Доењето носи многу предизвици – дали правилно доите, дали бебето добива доволно млеко… Покрај тоа, ниското ниво на естроген честопати предизвикува вагинална сувост кај доилките.
Лекови
Многу лекови како антидепресиви, антихистамини и некои терапии за алергии, можат да ја намалат вагиналната лубрикација како несакан ефект.
Стрес и анксиозност
Стресот неповолно влијае врз здравјето, па така и врз хормонската рамнотежа. Долготрајниот стрес може да го наруши природното навлажнување на вагината.
Терапија за рак
Хемотерапијата или зрачењето можат да го оштетат вагиналното ткиво, што предизвикува непријатност и сувост.
Поврзани објави
Агресивни сапуни и плакнење
Користењето јаки сапуни, парфимирани средства и плакнењето на вагината може да ја наруши природната pH рамнотежа и да предизвика сувост.
Начини на хидратација на интимната зона
За да ја спречите вагиналната сувост, потребно е да воведете одредени навики…
Користете лубриканти на база на вода
За време на сексот, лубрикантите на база на вода овозможуваат дополнителна влага и го намалуваат триењето. Безбедни се за употреба со кондоми и секс-играчки, бидејќи не го оштетуваат латексот.
Одржувајте ја хидратацијата
Пијте доволно вода – најмалку осум чаша дневно. Добро хидрираното тело позитивно влијае и врз природната влажност на интимната зона.
Одбирајте нежни сапуни без мириси
Одбегнувајте јаки сапуни и парфеми, бидејќи ја нарушуваат pH рамнотежата. Одбирајте производи наменети за чувствителна кожа и интимна хигиена.
Намалете го стресот
Долготрајниот стрес влијае врз хормоните и може да предизвика сувост на вагината. Практикувајте активности што опуштаат – јога, медитација, вежби за дишење или други хобија.
ФОТО: Alexander Grey / Unsplash