Стокхолм е главен и најголем град на Кралството Шведска, основан во 13 век, се наоѓа на 14 острови, а неговите брегови ги мие Балтичкото Море.
Познат е како кралски град, град на музеи, култура, но и на Нобелови награди – тоа е седиште на Кралската академија на науките, која ја доделува Нобеловата награда во чест на шведскиот научник Нобел.
Дали ви звучи доволно интересно? Најстариот и најубавиот дел од градот е Гамла Стен, кој е вклучен во Гинисовата книга на рекорди како еден од најстарите недопрени градски центри во светот.
Гамла Стан е распространет на три острови – Стадшолмен, Ридархолмен и Хелгеандшолмен – и се карактеризира со тесни калдрмени улици и ренесансни згради обоени во жолта, портокалова и црвена боја. Овој дел од градот може да се истражува со лежерна прошетка и е задолжителна прва станица за туристите.
Поврзани објави
Следната станица е поморскиот музеј Васа, најпосетуваниот музеј во Скандинавија. Се наоѓа на островот Јургорден и во него се наоѓа големиот воен брод Васа, како најдобро зачуван брод од 17 век во светот и уникатно уметничко богатство.
Познатата палата Дротнингхолм, позната и како „Шведски Версај“, се наоѓа на островот Левен, 10 километри од Стокхолм и е најдобро зачуваната кралска палата во Шведска.
Текст: Наташа Човиновска