Почетна Убавина и здравјеПривлекуваат беда, болест и тага – Убавина и здравје

Привлекуваат беда, болест и тага – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Никако не земајте ги овие работи од улица!

Постојат бројни верувања поврзани со работите што ги наоѓаме на улица, но за овие предмети се верува дека привлекуваат беда, болест и несреќа.

Во продолжение дознајте кои работи никако не треба да ги земате доколку ги пронајдете на улица…

Пари

Според старите верувања, парите пронајдени на улица можат да доведат до финансиска загуба и лоша среќа, поради што се препорачува да не ги земате.

Накит од злато или сребро

Пронаоѓањето накит на улица може да претставува ризик, бидејќи се верува дека накитот ја апсорбира енергијата на сопственикот. Личноста што ќе го земе може да ја преземе негативната енергија, па дури и болеста на претходниот сопственик.

Кукли или кадифени играчки

Иако возрасните ретко земаат кукли од улица, децата понекогаш го прават тоа. Но според верувањата, таквите играчки може да се поврзани со клетви и негативна енергија, па се препорачува да не се носат во домот.

Игли и други остри предмети

Острите предмети, како иглите, може да бидат носители на негативна енергија и болести, според верувањата. Па затоа се советува да ги заобиколите и да не ги земате од улица.

Клучеви


Поврзани објави

Клучевите, исто така, можат да ја пренесат лошата енергија на сопственикот, поради што се препорачува да не се земаат од улица.

Рачно изработени белегзии

Рачно изработените белегзии честопати се сметаат за амајлии кои впиваат негативна енергија и несреќа. Кога некој ќе ги изгуби, се верува дека ја исполниле својата цел и дека веќе не можат да го штитат сопственикот.

Огледалце

Огледалата честопати се поврзуваат со магиски ритуали и важат за сведоци за сето тоа што му се случува на сопственикот. Нивната енергија може да ја пренесе среќата и тагата на претходниот сопственик.

Чешел

Енергијата на сопственикот најмногу се пренесува на чешелот, па се препорачува да се одбегнуваат изгубени чешели на улица, за да се одбегне негативна енергија.

Часовник

Иако ретко се губат часовници, според верувањата, пронаоѓањето изгубен часовник може да го наруши биоритамот на личноста што го носи, па се советува да не се зема од улица.

Приврзок

Приврзоците, како крстчињата, можат да претставуваат важни талисмани за сопственикот. Доколку се изгубат, се губи и нивната енергија, па се препорачува да не се земаат од улица, за да се одбегнат промени во сопствената енергија.

ФОТО: Michael Dziedzic / Unsplash