Почетна ВестиПриведен крадец во Богданци, следува соодветна пријава

Приведен крадец во Богданци, следува соодветна пријава

од nenad
1 минути читај за




На 15.07.2023 во 17.00 часот во Богданци, полициски службеници од Полициската канцеларија Богданци го лишиле од слобода С.П.(40) од Богданци. Тој се сомничи дека во периодот од 08.00 до 14.30 часот влегол во продажен објект во Богданци и одзел пари. Кај него биле пронајден дел од парите и пражкаста материја и таблета. 

   

Лицето било задржано во полициската канцеларија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.