Почетна СветПретседателката Сиљановска на средба со лидерот на Сојузот на Македонците со исламска религија

Претседателката Сиљановска на средба со лидерот на Сојузот на Македонците со исламска религија

од nenad
1 минути читај за

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во својот кабинет го примила лидерот на Сојузот на Македонците со исламска религија Латиф Пајковски.

,,Со претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија Латиф Пајковски разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат голем број македонски граѓани.

Се согласивме дека имаме стабилни внатрешни меѓуверски и меѓуетнички односи кои треба да ги негуваме, но дека е потребна сплотеност и меѓусебно разбирање со цел секој граѓанин да се чувствува почитуван во општеството.

Неопходни се мерки за запирање на иселувањето кое е особено драматично кај Македонците со исламска религија.

Празните училишта во Река и другите македонски региони се порака дека мора да се избориме секој граѓанин да може достоинствено да живее таму каде што се родил без да има потреба да го напушта родното огниште”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова за средбата со Пајковски.


Post Views:
111

Извор : vesnik-ilinden.com

Претседателката Сиљановска на средба со лидерот на Сојузот на Македонците со исламска религија