На 4 март, повторно го потсетуваме светскиот ден на дебелината и на здравствените ризици поврзани со прекумерната тежина. Освен што дебелоста е животозагрозувачки проблем сам по себе, тој го зголемува ризикот за појава на други заболувања како срцеви болести, дијабетес и висок крвен притисок.
За да се бориме против дебелината, потребен е мултидисциплинарен пристап. Погледнете ја трансформацијата на 39-годишниот пациент од Прилеп кој успеа да го победи овој проблем благодарение на комбинираните медицински терапии, диететски режими и третмани.
Време е да ја промениме перспективата за дебелината и да ги исправиме заблудите поврзани со неа. Со ефективни активности, можеме да се бориме против оваа глобална појава. Прогнозите велат дека до 2035 година ќе имаме 1,9 милијарди луѓе со овој проблем, а дебелината кај децата ќе порасне за 100 отсто.