Собраниската Комисија за еднакви можности денеска одржа затворен работен состанок за реализираните и планираните активности предвидени со Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на СРМ 2025 – 2027.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на состанокот е дискутирано за процесот за донесување на Етичкиот кодекс за пратеници и одредбите за родова еднаквост, јавните расправи кои претстојат за Комисијата во првиот квартал на 2027.
Дополнително, како што посочуваат, се утврдила потребата од формирање работна група за измени и дополнување на Законот за еднакви можности за жени и мажи.
-Во однос на стратешката цел 3: унапредување на рамноправноста на жените и мажите во надзорната функција и следење на препораките од ратификуваните меѓународни договори и конвенции – се подвлече одржувањето на јавната расправа, а за 2026 година останува обврската за одржување на најмалку една надзорна расправа од Комисијата, наведуваат од Собранието.
фф/вј/Фото: Собрание .
Извор: МИА