Почетна ВестиПрезентирани активностите на ЗЕОООП

Презентирани активностите на ЗЕОООП

од nenad
1 минути читај за

На 11 мај, 2023 година, здружението ЗЕОООП ги презентираше резултатите од мониторирањето на реализацијата на пред-изборното ветување на Градоначалникот на Општина Аеродром – “Модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште”

На овој настан земаа учество и директори на повеќе училиштата од општината, како и претставниците на стручните служби кои истакнаа дека треба проактивно да се пристапи кон инклузијата. Иако процесот на подтготвување на училиштата е спор процес сепак се гледа напредок во подготвување да им ги пружат сите потребни услови за образование на децата со посебни потреби кои следат настава. Инсталирањето и употребата на лифтовите освен за деца со посебни потреби има и додадена вредност бидејки тие можат да послужат и во функција на наставниот кадар и родителите кои имаат потреба од користење на лифт.

Согласно

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

податоците од мониторингот на изборното ветување општина Ареодром како примери беа посочени  ООУ „Лазо Ангеловски„ каде за инсталацијана на лифт општината има одвоено 4 милиони денари од буџетот, додека пак училиштето „Ѓоргија Пулевски„ има функционален лифт кој е изграден со донации и поддршка од родители и компании. Моментално општината има и подготвен проект за инсталирањ

е на лифт и во училиштето „Александар Македонски„.

Настанот беше збогатен со уметнички ракотворби изработени од учениците со посебни потреби од ООУ „Александар Македонски„,  во рамки на  креативната работилница организирана во рамките на проектот.

Повеќе информации околу проектот на здружението ЗЕОООП и мониторингот на изборното ветување можат да се добијат на: https://electoralreforms.mk/monitoring-matrix-2022/