88
Apple го одложи одобрувањето на ажурирањето на апликација за е-пошта со алатки на база на ИИ поради стравот дека може да генерира неприклдно содржина за деца, известува Wall Street Journal во четвртокот, наведувајќи комуникации помеѓу производителот на iPhone и развивачот на апликација. Aжурирањето на апликацијата за е-пошта BlueMail, која користи прилагодена верзија на јазичниот модел GPT-3 на OpenAI, е блокирано минатата недела, изјавил Ben Volach, соосновач на развивачот Blix на Wall Street Journal.