„Едноставноста, добриот вкус и уредноста се трите основи на добриот стил, а не чинат ништо“, тврдел Кристијан Диор
Кристијан Диор, еден од највлијателните модни креатори на сите времиња, никогаш не го поддржувал расфрлањето со пари. Неговите совети не биле насочени на трупање гардероба, туку на мудри избори и стилови што траат – а јавно истакнувал дека најскапото парче е она што не може да се носи.
„Најскапиот фустан на светот е оној што не успеал. Тој ја лути жената што го носи и станува товар за оној што го платил“, вака гласи познатата реченици на Диор чии модни правила и денес ги следат дамите ширум светот.
Главниот моден совет на Диор
„Ако имате помалку пари за вашите фустани, обрнувајте поголемо внимание при изборот на модни додатоци“, истакнувал тој.
Диор верувал дека не вреди да се инвестира во сите трендовски додатоци – особено во оние кои се сезонски, скапи, а брзо престануваат да бидат релевантни и не се вклопуваат во гардероберот.
Поврзани објави
„Не купувај многу, но погрижи се она што ќе го купиш да биде добро“, гласи познатата реченица на легендарниот моден креатор.
Па така, одбегнувајте импулсивно купување модни додатоци кои:
- се трендовски и моментално популарни, но не се вклопуваат лесно во постоечката гардероба,
- нема да ги носите повеќе сезони,
- не му прилегаат на вашиот стил.
Наместо тоа:
- инвестирајте во класични, повеќенаменски парчиња – како едноставна црна чанта, дискретни шалови или бисерни обетки – парчиња што лесно се комбинираат и го збогатуваат секој стајлинг.
- фокусирајте се на квалитетот, боите што ви прилегаат и издржливоста – така се гради вистински стил.
Според Кристијан Диор, луксузот без смисла е најголемиот минус во гардеробата.
ФОТО: Инстаграм