Почетна Убавина и здравјеПрво ја натерал девојка му да абортира, па ја изневерил жена му, а сега бил уапсен! – Убавина и здравје

Прво ја натерал девојка му да абортира, па ја изневерил жена му, а сега бил уапсен! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Дали Џастин Тимберлејк е алкохоличар?

Пејачот Џастин Тимберлејк бил уапсен во понеделникот поради возење во алкохолизирана состојба во Хемптонс, открило официјално лице за спроведување на законот.

Апсењето се случило непосредно пред неколкуте негови закажани концерти, а допрва треба да оди на суд.

Ова не е првиот скандал што пејачот и актер го направил во алкохолизирана состојба, па се доведува до прашање неговото здравје и можна зависност.

Имено, односот на Џастин и неговата сопруга Џесика Бил поминал низ голем тест кога го фотографирале како си разменува нежности со колешката со која работел тогаш.

Актерот и тогаш бил видно поднапиен и едвај стоел на нозе. Актерката со која наводно ја изневерил својата сопруга е Алиша Вејнврајт. Алиша и Тимберлејк биле уловени во бар по снимањето, додека друштво им правеле членови на филмската екипа.

Тие одлучиле да се осамат, па се издвоиле на балконот, а по подолго време ѝ се придружиле на екипата.

Поврзани објави

Се зборуваше дека ова не е единствената афера што ја имал Тимберлејк и дека врската со сегашната сопруга му била многу бурна. Се шпекулираше и дека ќе се разведат, но тоа не се случи.

Тие се запознале во 2005 година, а врската ја започнале во 2007.

„Морав да бидам прилично упорен за да ја натерам да каже ‘да’. Но јас сум многу упорен и ако сакам нешто, не се откажувам од тоа. И на крајот се согласи“, рекол Џастин на почетокот од нивната врска.

Тие имаат два сина, првиот го добиле во 2015 година, а вториот во 2021, една година по споменатиот скандал со Џастин и Алиша.

Исто така, тој минатата година беше вплеткан во уште еден скандал кога Бритни Спирс откри дека била бремена од Џастин Тимберлејк. Таа сподели со јавноста дека пејачот и тогашен партнер ја принудил да абортира бидејќи не бил подготвен да стане татко.