Ви откриваме рецепт за наједноставната торта што сите можат да ја приготват
Тортата „Хуанита“ важи за врвен десерт кој им е омилен на многумина. Домаќинките ја обожаваат затоа што се приготвува многу брзо и лесно, а домашните затоа што има волшебен вкус. Толку е едноставна што дури и оние кои никогаш не правеле торта за миг ќе го совладаат целиот процес и ќе се покажат како вистински мајстори.
Состојки:
- околу 200 г наполитанки
- 10 лажици шеќер
- 1 л млеко
- 2 кесички желатин
- околу 1/2 кг шлаг
Поврзани објави
Приготвување:
Прво, сварете млеко и шеќер, па растопете го желатинот со малку вода. Кога ќе се олади млекото малку, додајте ги двете кесички желатин. Потоа, сето тоа заедно префрлете го во некој поголем сад и матете неколку минути. Додајте и околу 400 г шлаг.
Обложете тепсија со проѕирна фолија и тука сипете го едниот дел од белата смеса. Издробете наполитанки и додајте ги во преостанатата смеса.
Сето тоа добро измешајте го за да се соедини убаво и потоа префрлете го во калап. Ставете го во фрижидер за да се стегне малку. Со миксер изматете го преостанатиот шлаг (околу 100 г) и млекото, па кога тортата ќе се олади, ви преостанува само да ја извадите и да ја украсите со шлаг.