Почетна Убавина и здравјеПрва модна ревија на Љупка Митрова – Стил, гламур и убавина – претставување на „ВИГОУР“ CОЛЛЕCТИОН (ФОТО)

Прва модна ревија на Љупка Митрова – Стил, гламур и убавина – претставување на „ВИГОУР“ CОЛЛЕCТИОН (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Гламур, стил и автентична енергија го обоија Скопје на првата модна ревија на младата дизајнерка Љупка Митрова, која пред модната публика ја претстави својата дебитантска колекција „Вигоур“. Инспирирана од секоја жена – различна, силна, кревка и моќна, „Вигоур“ е колекција што ја слави женската енергија во сите нејзини бои и облици.

 

На модната писта продефилираа повеќе македонски јавни личности, носејќи уникатни креации од брендот „Митроф“. Меѓу нив беа Сергеј Варошлија, Октај Сејди, Нина Ред и Мартија Станојковиќ, кои дополнително го збогатија гламурозниот амбиент на вечерта.

 


Поврзани објави

Настанот, кој ги спои стилот, убавината и елеганцијата, беше вистинска прослава на креативноста и женственоста, а публиката имаше можност да ужива во креации што се издвојуваат со современи кроеви, впечатливи бои и оригинални дизајнерски потписи. Со својата прва ревија, Љупка Митрова најави нова свежина на македонската модна сцена, оставајќи впечаток дека од неа допрва можеме да очекуваме многу.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин