Почетна ЕкономијаПРАВЕЛ ГОЛЕМА БУЧАВА СО „КРАЈСЛЕРОТ“ Полицијата одзеде возило на Партизанска

ПРАВЕЛ ГОЛЕМА БУЧАВА СО „КРАЈСЛЕРОТ“ Полицијата одзеде возило на Партизанска

од nenad
0 минути читај за

Скопската полиција одзеде возило „Крајслер“ од турски државјанин кој правел голема бучава на булеварот Партизански одреди, информираше Министерството за внатрешни работи. Според соопштението од полицискиот билтен, возилото било одземено ноќеска околу 1 часот на булеварот.

„На (турскиот државјанин) С.Г. му е изречена соодветна парична глоба, а возилото под сомнение за техничка исправност ќе биде однесено во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали е технички исправно и дали ги исполнува условите за учество во сообраќај“, соопшти МВР.