Градење економска соработка во тешки времиња е од клучна важност не само за земјите од Западен Балкан, туку и за Европската Унија. Како регион, покажавме дека преку соработка, пријателство, солидарност, значајно придонесуваме во зајакнувањето на економската стабилност и просперитет на регионот и ги подготвуваме земјите за членството во ЕУ.
Планот за раст за нашите земји е силен поттик на процесот на евроинтеграции. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, двојно ќе се зголеми обемот на економијата на регионот и во земјата.Со нашите политики дадовме европска перспектива на Северна Македонија, така им даваме сигурност на младите и на сите граѓани во нашата држава.