Почетна Убавина и здравјеНаучниците официјално прогласија кои се – ако ги чувате дома, вие сте вистински среќници! – Убавина и здравје

Научниците официјално прогласија кои се – ако ги чувате дома, вие сте вистински среќници! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за



Вистинско богатство е да се има некоја од овие раси за домашен миленик, бидејќи тие се најпаметните кучиња на светот

Врз основа на одредени задачи, научниците одредиле кои се трите најпаметни кучешки раси. Нивните тестови ја провериле способноста на кучињата да решаваат проблеми, нивната навигација и нивната способност да побараат помош во тешки ситуации. Староста на животните варирала од 1 до 8 години, што обезбедило најобективни резултати, исклучувајќи го влијанието на неразвиени или намалени когнитивни функции поради старост.

Ова се најпаметните кучешки раси:

1. Белгиски овчар

Белгискиот овчар е прогласен за најпаметната кучешка раса во светот, со импресивни 35 од 39 можни поени. Ова куче покажало исклучителни способности за решавање комплицирани проблеми, како што е брзо пронаоѓање на патот околу ограда во форма на буквата V, за да стигне до храната што можело јасно да ја види, но не можело директно да ја достигне.

Доктор Катрина Тира од Универзитетот во Хелсинки нагласила дека белгискиот овчар се издвоило од преостанатите раси по својата стабилност и високо ниво на интелигенција на речиси сите дадени тестови. Тоа објаснува зошто претставниците на оваа раса се толку барани во полиција и во воените и спасувачки служби ширум светот.


Поврзани објави

2. Бордер коли
ФОТО: Anna Dudkova / Unsplash

Бордер коли е кучето што го зазело второто место со резултат од 26 поени. Овие куччиња одамна се познати по својата извонредна интелигенција и лесно се обучуваат за изведување комплицирани команди.

3. Ховаварт

Третото место ѝ припаднало на помалку познатата, но многу талентирана раса, германскиот Ховаварт, кој освоил 25 поени. Овие кучиња покажале не само интелектуална флексибилност, туку и високи социјални вештини, способност ефикасно да комуницираат со луѓето и брзо да се приспособуваат на нови задачи.

ФОТО: Unsplash