Постариот син на Лепа Брена ја откри врската со мајка си.
Стефан Живојиновиќ, постариот син на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години не се појавуваше во јавноста, а ние немавме можност да го видиме ниту на некој собир, прослава или нешто слично што го организираше неговото семејство. Поради сето ова постоеше сомнеж дека не е во најдобри односи со родителите.
Сомнежот дополнително го подгреа и тоа што Стефан не се појави ни на промоцијата на новиот бренд што го лансираше неговата мајка. Сепак, Брена го оправда отсуството на Стефан со тоа дека нејзиното првороденче се плаши од корона.
Сѐ е во ред со Стефан, тој сега е ангажиран со друга работа. Не се појавува на големи собири на луѓе за да не добие корона. Тоа е единствената приказна што е релевантна. Се гледаме дома и се дружиме, сосема нормално – изјави тогаш фолк-пејачката.
Сепак, дури и кога приказните за смртоносниот вирус стивнаа, Стефан не се појави во јавноста. Сепак, дека сѐ е во ред со него можевме да се увериме на инстаграм-профилот на неговиот брат Филип, кој објави нивни заеднички снимки и фотографии. Сепак, односот со родителите остана мистерија.
Поврзани објави
Имено, во една пригода пејачката не издржа, а да не сподели со следбениците на Инстаграм како изгледа подарокот кој го добила од Стефан.
Станува збор за термос на кој пишува:
Рецептот за најдобрата мајка е многу трпение, пожртвуваност, трудољубивост, мултитаскинг, напорна работа.За потсетување, Стефан едно време се занимаваше со пеење, но наеднаш одлучи да се повлече од естрадата.
Ја поддржавме неговата одлука веќе да не се занимава со музика. Ако сме способни да ги прифатиме туѓите одлуки, зошто не би ги прифатиле одлуките на нашите деца. Важно ми е нашите деца да се среќни, а што ќе направат е прашање на нивниот избор, кој јас и Боба секогаш го поддржуваме – по тој повод изјави Брена.
Фото: Printscreen Instagram @stefanzivojinovicfan