Почетна Убавина и здравјеПочнаа да летаат првите искри во жирито! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Почнаа да летаат првите искри во жирито! (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Време е за уште едно ново издание на музичкото талент-шоу „Пат до ѕвездите”, вечерва на ТВ Алфа и Балкан мјузик, со почеток во 20:30 часот.

Уште неколкумина кандидати ќе се претстават пред стручната жирикомисија составена од познатиот музичар Роберт Саздов, фолк-пејачката Стојне Николова и гостинот, популарниот Спасен Силјаноски.

Тие нема да имаат лесна задача, а пред сериозен предизвик се и натпреварувачите, бидејќи секој од нив се бори и дава сѐ од себе да обезбеди пласман за понатаму…

Имаше пофалби, но и критики, некои од кандидатите добија зелено светло за понатаму, а некои од нив ќе мора да се докажат уште еднаш во бараж-емисијата.

Нетрпение се разбира дека има помеѓу кандидати, но од време на време искри се појавуваат и помеѓу Роберт Саздов и Стојне Николова.

Најчесто е тоа поради различните ставови кога е во прашање пеењето на учесниците.

Погледнете што ве очекува:

Текст: ПР

Видео и фото: Инстаграм, ПР