Мотивациониот говорник Брајан Трејси е 100 отсто сигурен дека методот на „осамување“ им помага на луѓето кои сакаат да решат некој проблем
Брајан Трејси е канадско-американски мотивационен говорник кој уште во 1986 година открил едноставен метод за решавање на кој било проблем. А методот е – осамување во период од 30 до 60 минути.
„Осами се. Седи во тишина. Седи сам, без цигари и кафе, без музика и телевизор. Седи мирно, сам со себе од 30 до 60 минути. Повеќето луѓе никогаш во својот живот не седеле сами со себе во комплетна тишина 30 минути. Можам да ви го кажам ова, овој метод функционира во 100 отсто од случаите и секој проблем, секој сомнеж, секој предизвик – ќе биде решен само ако се осамиш 30 до 60 минути и го слушаш својот внатрешен глас. Тоа е клучот. Ќе забележиш дека за 25 до 30 минути, твојот мозок ќе биде комплетно чист и ќе дојде до решението за твојот проблем“, тврди Брајан Трејси.
Самотијата како метод за решавање проблеми
Во што е трикот? Методот на Брајан Трејси е сличен на медитација. Поентата е длабоко и детално да размислите за проблемот без попречувања од кој било и што било надвор. Темата што ве мачи ќе се наметне природно. Дозволете им на мислите да пловат, па самите ќе дојдете до најдоброто решение.
Како што никој друг не може да ја заврши работата што е наменета само за вас, така никој не може да го реши вашиот проблем наместо вас. Затоа, осамете се и решете го тој проблем!
7 чекори до успехот на Брајан Трејси
Брајан Трејси станал многу популарен по неговите познати чекори до успехот. Еве за што станува збор…
Поврзани објави
1. Одлучи што сакаш. Што точно сакаш во својот живот? Кажи си го тоа на себе.
2. Запиши ја желбата. Јасно и без заобиколување, стави ја желбата на хартија.
3. Одреди го датумот до кога сакаш да ти се оствари желбата. Тоа е датумот за остварување на целта.
4. Направи листа. Што треба да направиш за да се реши тоа, а што никако не треба да правиш, бидејќи те оддалечува од целта.
5. Преземи акција. Погледни го списокот што треба да направиш и почни да ги исполнуваш чекорите, еден по еден.
6. Прави по нешто секој ден. Секој ден прави по нешто што ќе те приближи кон целта.
7. Вежби за акција. Размисли што сакаш во животот, што ти е важно, неопходно и придржувај се до горенаведените чекори за да го добиеш тоа што го сакаш.