Јаболката се богати со витамини и минерали, како витамин Ц, железо, калциум и влакна
Јаболката им се омилено овошје на сите генерации. Поради широката достапност и прифатливите цени често се избор број еден, а постојат и бројни изреки вкоренети во народот кои укажуваат на нивните позитивни својства.
Јаболкото содржи железо, фосфор, калиум, калциум, магнезиум и витамини Ц, Е, Б1 и Б2, а богато е и со влакна. Иако содржи малку калории, заситува, бидејќи плод со средна големина содржи околу 4 г влакна, што исполнува 10-15% од дневните потреби.
Иако повеќето луѓе претпочитаат да јадат јаболка со лушпа, познат молекуларен биолог појаснил дека, сепак, тоа не е најдобрата одлука за сите луѓе.
Поврзани објави
Разликата е мала но менува многу. Кората содржи најмногу пектини и нерастворливи влакна.
Големина на порциите
Иако е добро за здравјето на цревата, јаболкото е богато со фруктоза и сорбитол, па кај чувствителните, дури и излупеното може да пречи. Сепак, големината на порциите честопати е поважна од самата кора.