Почетна Убавина и здравјеГи елиминираат сите маснотии и токсини – Убавина и здравје

Ги елиминираат сите маснотии и токсини – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Доколку се чувствувате тромаво и безволно по празниците и тешката храна, испробајте го народниот лек од островот Икарија

Грчкиот остров Икарија припаѓа во „сината зона“, каде што живеат најздравите 100-годишни луѓе. Денес ви откриваме како тие го прочистуваат својот организам…

Чај од лук

Најдобриот чај за детоксикација на организмот се приготвува од лук. Грците го користат со векови за прочистување.

Приготвување: Ставете 3-4 чешниња лук да се варат во вода десетина минути. Процедете, оладете, па по желба додајте малку мед и лимон.

Напивка од артичоки

Артичоките се одлични за прочистување на организмот – ја стимулираат обновата на црниот дроб, ги прочистуваат бубрезите, го поттикнуваат лачењето жолчка и ја подобруваат дигестијата. Богати се со витамини и минерали, го снижуваат крвниот притисок и придонесуваат за здравото слабеење.

Приготвување: Исчистете ги артичоките и ставете ги да се варат во вода околу 25 минути. Потоа, оставете ја напивката да се олади, процедете ја и чувајте ја во тегла. Пијте по малку.

Јадење од зелени листови од глуварче

Во Грција, зелените листови на глуварчето се викаат хорта. Од нив можете да приготвите вкусно и здраво јадење, во комбинација со коприва и некој друг зелен зеленчук. Листовите на глуварчето се богати со железо, калциум и други витамини и минерали, како и со влакна и антиоксиданси. Тие дејствуваат противвоспалително, штитат од дијабетес и од висок крвен притисок. Имаат и својства на диуретик, што значи да ја стимулираат елиминацијата на токсини од црниот дроб и бубрезите. Додајте коприва, малку маслиново масло и лимон и ќе ја добиете најдобрата опција за детокс и здравје на организмот.


Поврзани објави

Приготвување: Исчистете и измијте листови од глуварче и коприва, па проварете ги кратко. Процедете ги, па измешате ги со маслиново масло и лимон. Можете да додадете и малку фета-сирење и домати.

Секако, можете да ја искористите и водата во која се вареле листовите и копривата – откако ќе ја исцедите, испијте ја со малку цеден лимон.

Вода со лимон

Овој популарен цитрус е задолжителна состојка во секој детокс. Лимонската киселина ја подобрува функцијата на црниот дроб. Со секое додавање цеден лимон во салатите и другите јадења, помагате за регулација на крвниот притисок и елиминација на воспалителните процеси во организмот. Во Грција го јадат свеж и како додаток во јадења со морски плодови, скара и салати.

Приготвување: Наутро, на празен стомак, испијте вода со додаток цеден лимон и неколку резанки лимон. Оваа здрава навика на пиење вода со лимон наутро ја подобрува дигестијата, го подобрува менталното здравје и помага за елиминација на токсините од организмот.

Грчки чаеви за прочистување на организмот

За да ја поттикнете елиминацијата на токсините од организмот дополнително, можете да консумирате и чаеви од билки, како на пример од морач, жалфија мајчина душица, лековита маточина и планински чај.

Приготвување на чај од морач: Прелејте 1 лажица сушени семки од морач со врела вода. Покријте ги и оставете ги отстојат 10 минути. Процедете ги и пијте ја напивката трипати дневно.

ФОТО: congerdesign / Pixabay